Десет години сексуално ја злоупотребувал малолетната ќерка
44, Скопје, Македонија

Драгољуб Ш. (55) од селото Стрижа, кај Параќин во Србија, е уапсен поради сомневање дека ја силувал својата малолетна ќерка а се сомнева дека монструозниот татко својата ќерка ја злоупотребувал од нејзината 6- та година, кога ја оставила нејзината мајка.



siluvanja-parakin-01.jpg
Братот Милорад

Девојчето со години молчело, а пред неколку дена, со поддршка од нејзината пријателка, го пријавила таткото во полиција. Несреќната ќерка сега е сместена во Домот за незгрижени деца во Ќуприја, а таткото е уапсен. Тој се наоѓа во полициски притвор и денес ќе биде изведен пред истражен судија. Драгољуб во куќата живеел со ќерката и со синот од претходниот брак, Милорад. Милорад раскажал дека неговиот татко работел во стаклара, но дека земал исплата од 3000 евра и потполно се оддал на алкохолот.


“Еднаш влегов во собата и забележав како се трга од неа. Ми се причини дека го закопча патентот, но не видов ништо сигурно што потполно ќе ме увери дека се случува нешто монструозно. Тоа се случувало додека таа беше помала. Се обидов да го прашам што прави, но тој веднаш ме напаѓаше и ми се закануваше. Тој не тепаше и уценуваше. Кога таа малку потпорасна, се сомневав, ја прашав, но таа не сакаше да разговара. Само јас знам колку пати сакав да го пријавам, но не смеев затоа што се плашев дека таа од страв ќе демантира се. А тогаш, тој ќе ме убиеше. Што можев да направам? “ - раскажал синот Милорад.

Милорад вели дека неговата сестра била поддржана од нејзината пријателка да го пријави таткото. “Не знам колку сум виновен, но ние живееме крај татко кој постојано не малтретираше и ние знаеме што е страв.“- додал Милорад, кој открил дека со години знаел за силувањето на својата сестра. Мештаните на селото велат дека Драгољуб постојано пиел и дека никој не му доаѓал на гости, и дека слабо се дружел со луѓето.


45 views
 
Коментари
bagushka 19.05.2009

лелееее гнасааааааааа =-O =-O =-O =-O =-O =-O

manakieva 19.05.2009

sto ne si svesen toa go ima vo svetot uzasnooo :(((((((((((((((((((((((((

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes