Неделен секс-хороскоп
44, Скопје, Македонија

Овен
Деновиве се чувствувавте стегнати, но затоа викендов почнува со луда страст. Припазете, можеби ќе ви се случи некоја секс-авантура доколку патувате, a тоа ќе доведе до заострени односи со партнерот. Ако сте во брак внимавајте, партнерот повторно ќе ви приреди љубоморни испади и сцени.

Бик
Марс во Водолеец, владетел на тајните и партнерските односи, тоа може да значи страсна врска во која, за жал, нема да влезете сериозно, бидејќи еден од вас сè уште не расчистил со партнерот или минатото. Ќе ве привлече лице во униформа или некое што е на одговорно работно место.

Близнаци
Особено сте љубоморни, а љубоморната е здодевна. Обидете се да го скриете тоа доколку сакате да ве посакаат во креветот. Вашиот партнер се однесува слободно, а вие полудувате. Смирете се и пробајте да го разберете, тоа го прави мило за драго. Ви враќа за една ваша секс-авантура. Тоа е за оние во врска. За слободните, очекувајте флерт со Девица.

Рак
Вашиот партнер е премногу амбициозен и нема време за вашите врели бакнежи. Ако сега му се најдете при рака, кога е на пат на успехот, ќе ви биде многу благодарен. За слободните, можна е врска со Јарец.

Лав
Се трудите да му удоволите на партнерот, но кога ќе сфатите дека нему тоа му пречи. Преземете ја контролата во креветот. Верувајте, двајцата ќе бидете среќни. Бидете реални кога е во прашање наклонетоста кон вашиот партнер. Ослободете се малку, флертувајте со личноста што ви се додворува, која има некаква врска со странци или, пак, живее во некоја странска земја. Слободни Лавови, очекувајте отворена страсна порака или телефонски повик од Стрелец.

Девица
Вашата бескрајна посветеност кон некого и во моменти на бес и нервоза со директни и остри разговори привлекуваат нечие внимание. Можеби оваа недела да премолчите некои забелешки за сексот, особено ако сте во врска со Овен, Јарец или Скорпија. Бидете подготвени за состанок со љубов од детството.

Вага
Трагате по среќа, а таа ве удира по носот. Ако вашиот партнер оди на пат, не му приговарајте, бидејќи ако му се посреќи, ќе ве повлече со себе. Добро се снаоѓате во друштво на Риби, пазете со француските бакнежи, пријателите ве гледаат, „шлапање“ во јавност не е пријатно за гледање.

Скорпија
Пробувате да тактизирате со вашите секс-постапки, но внимавајте на крајот да не бидете сфатени погрешно. Малку сте немарни околу раскажувањето на вашите љубовни тајни и емоции кога пробувате да бидете романтични со некој воден знак. Ако сте виновни, подобро извинете се.

Стрелец
Ќе имате љубов на прв поглед, можно е дури со оваа личност да влезете во брак. Заборавете на минатото, не комплицирајте. Препуштете се на преубавата врска што ви следи преполна со сексуални енергии. Расчистете со едниот партнер, ако не сакате да останете сами.

Јарец
Многу ќе бидете романтични, но и подготвени за акција. Некој/а колега/колешка од работа за кого/која мислевте дека има пасивен пристап, ќе реши да ви пријде и да ве освои. Можеби ќе имате проблем, ќе сака нешто повеќе од вас, а вие само си игравте.

Водолеец
Правете како и досега што правевте. Препуштете му се на партнерот, бидејќи што и да направите, на крајот пак тој ќе ја внесе забавата во врската, можеби секс-реквизити во креветот за мажите или, пак, бидете романтични, ако се работи за жена-водолеец.

Риби
Многу сте таинствени. Нема потреба, зашто тоа само ќе го натера партнерот да помисли дека нешто му правите зад грб, па дури помислува и на прељуба. Зборувајте за својот живот, водете љубов, а не брз секс. Пробајте да ја вратите довербата кај партнерот, затоа што таа е клуч за успешна врска и отпуштеност и, се разбира, прекрасен секс.

124 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes