:) 2017 година
40, Скопје, Македонија

Секое утро, ден, и ноќ сум среќен. И ќе бидам среќен, и радосен дури и кога ќе ме опкружуваат тажни моменти, дури и кога здравјето ќе ми биде нарушено од некоја инфекција, вирус или нешто друго. Во животот има толку многу убавини, што просто немаш време на сите да им се изнарадуваш во целост. Се додека сум жив, ќе бидам среќен. Ветувам.
Затоа на сите луѓе во Новата 2017 година и секоја наредна година, истото им го посакувам, да бидат среќни, и да работат и се трудат да успеат да постигнат се што ќе посакаат. Бидејќи само животот нема реприза.
-Кога саканите ќе пристигнат дома, секогаш истрчајте да ги пречекате
- Никогаш не пропуштајте прилика да одите на прошетка
- Секогаш уживајте во свежиот воздух и убавото Сонце
- Дозволете си да дремнете
- Истегнете се кога ќе се разбудите пред да станете
- Трчајте скокајте играјте секојдневно
- Уживајте во тревата и сенките во топлите денови
-Бидете искрени, позитивни, верни
- Никогаш не се преправајте да бидете нешто што не сте
- Ако тоа што го сакате е закопано многу длабоко, копајте, копајте додека не го пронајдете
-Помагајте им на другите во она што го можете, вашата помош за нивна среќа, ќе ве исполни уште повеќе
- Да паднете долу, тоа е дел во животот, да се научите да станувате е ЖИВЕЕЊЕ
-Животот е прекраток за да бидете и правите нешто друго освен да бидете среќни

Практично, според моите активности т.е. проектот на кој работам, за 2017 година имам најголема желба за која што давам ветување, а тоа е конечно да го завршам проектот и комплетирам нов изум, мој, кој што ќе биде многу корисен за луѓето, перпетум мобиле т.е. за работа ќе му биде потребна само почетна енергија кога првпат ќе отпочне со работа а потоа секогаш ќе користи енергија од сопствен извор.
- Во 2017 ќе отпочнам да изучувам Кинески јазик и ќе се обидам да совладам повеќе од еден степен.
- Ќе ја посетам Кина
- Ќе го посетам островот Санта Марија -Португалија, и островот Козумел -Мексико
- Ќе продолжам да го барам деноноќно со запален фенер човекот меѓу луѓето, мојата слаба точка (страна), се додека ја најдам.
И како прво и основно, во Новата 2017 година на сите ви посакувам здравје, бидејќи здравјето е основен услов да ги постигнете сите цели што ги имате и остварите ветувањата, иако не е основен услов за да бидете среќни.

193 views
 
Коментари
Lancelot 06.12.2016

Сакам и да им се заблагодарам на сите идиоти што од љубомора и завист гласаа негативно за мојот блог

Ace Grizli 05.12.2016

*HI* *THUMBS UP* *YES*

ergen41 05.12.2016

za inovativniot trud ti posakuvam uspeh ako moze da ti pomognam ovde sum poveli kazi i pokraj toa sot ne si navel za kakov izum se raboti,perpetumobile e spored mene utopija ako si ucel socijalizam znaes sto znaci zborot utopija

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes