*** Вечна МАКЕДОНИЈА ***
33, Скопје, Македонија


СУДБО МОЈА СУДБИНО

Судбо моја судбино,
судбо моја невернице,
што си, судбо, ме однела
земја непозната,
сам да живеам, судбо
велно да црнеам.

Земја непозната, судбо
при луѓе, нелуѓе,
ни сонцето, ни месецот
не ми се познати,
ни сонцето, ни месецот
не ми се познати.

Земи, судбо, однеси ме
при мојата мајка,
да ја прашам, судбо клета,
што сум и згрешила,
та што ме испрати, судбо,
земја непозната.

157 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes