Некогаш боли
23, Скопје, Македонија

И да, болката е секогаш присутна.
Како изминуваат годините, така се' повеќе учиме како да ја скриеме.
Ја бараме најдлабоката дупка за да ја пикнеме, за никој да не ја забележи.
Болката е нешто што само тој што не ја доживеал, не може да ја сфати.
Но, за жал, многу од нас знаат што е болка.
Многу и од вас, што токму сега го читате ова, трпите болка, ја криете од најблиските, само за да не ги натажите, или можеби затоа што се плашите дека нема да ја сфатат.
Ќе речат "тоа ли е болка? а моево што е?"
Затоа што не знаат дека болката нема мегабајти, нема големина, нема правилна и погрешна.
Има само болка, која исчезнува, или остава лузна засекогаш, која..
Некогаш МНОГУ боли..

40 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes