14.01.2018
Занес...
29, Скопје, Македонија

 Се појави без глас, од никаде... А веќе си во мене, насекаде... Во глава, во мисли, во спомен, во слатки моменти од секој домен. Ми остави насмевка налик принцеза, и кроток поглед од кој се ежам. Допир од кој искрена стремеж блеска, во дневни мечти и вечерна треска. Направи и во магија да верувам, во слаткоречивоста твоја да поверувам, да се надевам на довековна идила, и кристална љубов од бајки со крила. Овој силен занес кон тебе ме носи, пркосејќи и' на реалноста, ја коси. Го наоѓа патот кој води кон тебе, зашто само таму се пронаоѓам себе.

176 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes