29.05.2018
Надежи
29, Скопје, Македонија

Тие во мене умираат, кршејќи се во баснословен ритам, обземен од сладот на недостижни гроздови, искален од огнот на туѓи горења, стиснат во урна на моето несвесно пеплосување. Тие во мене умираат, и не знаејќи дека се мртви по моите стапки урагани креваат за да го однесат и живото и мртвото од заостанати илузии, што како бастуми ја држат душата за тлото која жедна за почивка бара да си прилегне во невидливо гробје. Тие во мене умираат и шумот од нивното последно издишување ми го препишуваат како наследство од времето кога со трепет ги чешлав, со панделки ги дотерував и со страв набљудував како ги пречекоруваат улиците на сознанието надвор од мене.

520 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes