Silence's blog

Silence
33, Скопје, Македонија

29.05.2018

Тие во мене умираат, кршејќи се во баснословен ритам, обземен од сладот на недостижни гроздови, искален од огнот на туѓи горења, стиснат во урна на моето несвесно пеплосување. Тие во мене умираат, и не знаејќи дека се мртви по моите стапки урагани креваат за да го однесат и живото и мртвото од заостанати илузии, што како бастуми ја држат душата за тлото која жедна за почивка бара да си прилегне во невидливо гробје. Тие во мене умираат и шумот од нивното последно издишување ми го препишуваат како наследство од времето кога со трепет ги чешлав, со панделки ги дотерував и…


...и следи ме. -Каде? -Во непознатото, зарем важно ли е? Се’ додека ја имам твојата рака... -Но мене ми е важно, потребна ми е сигурност! -Те држам до себе, има ли поголема сигурност од тоа? -Не, не, не ме разбираш! Верувам дека ме штитиш од околината, од надворешниот свет, но потребна ми е поинаква сигурност, поинаква заштита. -Поинаква заштита? Љубов, го имаме светот на дланка, од што сакаш заштита!? -Од тебе...


Замина тивко, и пустош остави,
зад него непробоен ѕид постави.
Роза подарена, искина на две,
реши таа да стави крај на се’.

Со солзи ја пратеше, и убиствен молк,
а во него владееше глад како на волк.
Сакаше да се стрча, да ја гушне силно,
да ја погали по образот, да ја бакне милно.

А сепак таа продолжи, не гледајќи назад,
а него само продолжија морници да го лазат.
Ќе се врати ли таа некогаш сакаше да знае,
ил го остави вечно за минатото да се кае...


14.01.2018

 Се појави без глас, од никаде... А веќе си во мене, насекаде... Во глава, во мисли, во спомен, во слатки моменти од секој домен. Ми остави насмевка налик принцеза, и кроток поглед од кој се ежам. Допир од кој искрена стремеж блеска, во дневни мечти и вечерна треска. Направи и во магија да верувам, во слаткоречивоста твоја да поверувам, да се надевам на довековна идила, и кристална љубов од бајки со крила. Овој силен занес кон тебе ме носи, пркосејќи и' на реалноста, ја коси. Го наоѓа патот кој води кон тебе, зашто само таму се пронаоѓам себе.


13.01.2018

 The hardest thing in life is watching someone you love,love someone else.


02.02.2018

Колку и да е болна, треба да се кажува
колку и да е сурова, треба да се знае
колку и да е тешко, треба да се признае
колку и да е невозможно, треба да се проба

за мене, не за друго
за мене, нели сум ти пријател
за мене, нели ме сакаш
за мене, кој друг ако не за мене

т.е знаеш ли што е тоа вистина пред се
знаеш ли како изгледа тоа нешто
си го применила ли тоа некогаш
или ти си само еден обичен лицемер.


Нe се грижи за мене доволно сум стар за тоа не се грижи за себе остај го тоа на огледалото Не се грижи за утрешниот ден тој самиот нака се грижи за тоа не се грижи што ќе јадеш птиците не се грижат а пак никогаш не се гладни не се грижи што ќе облечеш цвечињата се поубави од кралот а тие не се грижат за изгледот И на крајот запамти... Не се грижи се за малите работи, сите работи во животот се мали.


Blog
Blogs are being updated every 5 minutes