Blog


bobiboss
34, Кичево, Македонија

Здраво на сите,

Доколку некој од Вас не разбрал веќе има и македонски сајт за рангирање, па доколку некој смета дека top.com.mk е достоен да биде во првите на ранг листата за најдобри сајтови во Р.Македонија, може да помогне со неговиот глас.

Најнапред да кажам дека се е доброволно.

Процедурата е во 2 стапки:

1. Под главното мени од левата страна има син банер со натпис
"TopMKD" - Кликате на него,


- се отвара TopMKD во нов таб/прозорец

2. Во ново отворената страница има линк "Влези и гласај" -
Кликате на него


Со самото кликање на линкот "Влези и гласај" Вашиот глас е отчитан, а нашата благодарност е голема :-)

P.S
Дозволено е да се гласа само еднаш во денот, доколку се обидите да гласате повеќе пати во исти ден линкот "Влези и гласај" нема да го има. Ќе има само линк "Влезете без глас". После 24 часа од последното гласање може да се гласа пак.

Поздрав 


bobiboss
34, Кичево, Македонија

  1.  111,111,111 x 111,111,111 = 12,345,678,987,654,321
  2. 160 коли можат да возат една до друга на Monumental Axis во Бразил, најголемиот автопат во светот
  3. 85,000,000 тони хартија се троши годишно во Америка
  4. Мачките имаат по 32 мускули во секое уше
  5. Електричната столица е измислена од стоматолог
  6. Топчињата за голф имаат 336 вдлабнатини
  7. Во америка има повеќе од 52,6 милиони кучиња
  8. Со очите трепнуваш околу 20,000,000 пати во годината
  9. Твоето срце чука повеќе од 100,000 пати дневно
  10. Срцето на жените чука побрзо отколку на мажите
  11. Нема часовници во казината во Лас Вегас
  12. Полжавот може да спие 3 години


bobiboss
34, Кичево, Македонија

2 часот ноќно време, бар, се е затворено. Од дупката се покажува германски глушец, разгледува наоколу - нема мачка, трча кон шанкот, си тура едно пиво, го пие на екс и со сета сила трча кон дупката. После минута се покажува француско глушец, гледа наоколу - нема мачка, трча кон шанкот, тура вино, го пие и бега кон дупката. Мексикански глушец - се покажува, нема мачка, шанкот, текила, дупка. Се покажува македонски глушец - нема мачка, трча кон барот, си тура 100 грама ракија, пие, гледа наоколу, нема мачка, тура втора, пие - нема мачка, трета - нема мачка, четврта, пета... после петата седи, разгледува - сеуште нема мачка, започнува да ги засукува ракавите и да ги загрева мускулите и злобно си мрмори: "Еми ќе ја чекам да и е.. мм "


bobiboss
34, Кичево, Македонија

1. Зебрите се црни со бели риги или бели со црни риги?
2. Зошто пилотите камикази носат кациги?
3. Зошто пред да извршуваат смртнаи казни прво ја стерилизираат иглата?
4. Зошто жените ја отвараат устата кога ги шминкаат очите?
5. Зошто веруваме кога ќе ни кажат дека вселената е безкрајна, а кога ќе ни кажат дека бојата не е досушена треба да пипнеме за да се увериме?
6. (Најдоброто) Ако сакаш да не успееш и некако се случи да успееш, дали си успеал?
7. Зошто компјутерите за да ги исклучиш треба да одиш на Старт?
8. Кога храната за кучиња се рекламира со "нов подобар вкус" кој ја пробува?
9. Ако "целиот свет е сцена а ние сме актери" каде е тогаш публиката?


Blog
Blogs are being updated every 5 minutes