Те сонив
27, Скопје, Македонија

Те сонив Со нив Во градот мој роден Се сонив себе со тебе Само во иднината Во нашиот град Како сите плачат Од нашиот град Како ретко кој се смее Во нашиот град Како некој да не протерал Од нашиот град. Нашиот град е кошмар. Се разбудив и си реков, нашиот град само за викенд. Станав турист во роден град. Никогаш може ни не бев од таму. Те сонив. Со нив. Насмеана и весела. Некаде во иднината. Некаде во минатото. Блиску до мојата адреса по пасош. Адреса непосетена. Адреса полна немир и крв. Адреса полна гнев и пекол. Адреса полна чекори тивки. Адреса полна завист. Можеби никогаш не бевме родени. За да останеме таму на старата адреса. Те сонив. Те вкусив. Ќе ги допрам и вкусам тие усни. Ќе се угушиме повторно за кратко во нашиот роден град. Не дај боже навистина да сме во нашиот роден град!

35 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes