evropeec's blog

evropeec
43, Скопје, Македонија

И двајцата ги сакавме ѕвездите. Јас уживав
под ѕвезденото небо. Можев со саати да
гледам во нив, да им се исповедам да ги
пребројувам по 100 пати и да заспивам со
нив...Ѕвездите… тие мали точки на небото беа
причината поради која бевме заедно...Тие не
споија тие и не разделија:( Додека бевме
заедно тие не караа и тие не смируваа...
Понекогаш ни недостигаа, а понекогаш ни ја
нарушуваа интимата...Ѕвездите тие се “виновни” и виновни за нас...Таа ги сакаше ѕвездите на тв екраните... Со
саати гледаше во нив, мечтаеше за нив и
сакаше да биде како нив. И стана (барем така
мисли)Случајно или не, денес ги презирам
работите што ги сакав,…


Судбината не настанува случајно неа ја создаваме со нашите одлуки,а потоа велиме судбина...во животот секогаш ќе постојат нешта што сами сме ги предизвикале..


Не гo рaзбирaм oнa ќе умрaм зa љубoвтa...

зa мене е Хрaбрoст љубoвтa дa јa Живееш..
и кoгa е Невoзмoжнa...Невoзврaтенa...
Зoштo пoбитнo е дa се Љуби oткoлку дa се биде Љубен..
Зoштo Вистинскaтa Љубoв е Безрезервнa и тaa не Oчекувa ништo зa Вoзврaт...


Некогаш самотијата ни дава време за да размислиме за нашите постапки ... Сами да чекориме и да донесеме одлуки ... Со надеж дека тие се исправни ... Без да ни наметнат мислење погрешни луѓе кои сакаат да тргнеме по погрешен пат ... Чекорете смело и секогаш верувајте во себе и во своите одлуки ...Некогаш подобро е сам да чекориш кон целта по вистинскиот пат , отколку со големо друштво , но по погрешниот пат ... :)


Нека Ноќва..
Божијот Дух се симне,
во подножјето на вашите Души..
Нека во пламенот,
На Бадниковиот оган,.. И

Додека последниов бадников ден догорува, слушнете го Господ што ви зборува, следете го патот на срцето што ве води, Среќен Божиќ - Христос се роди........


Како изгледа еден просечен Саботен викенд на едно уфурано девојче од Македонијава? Околу 14h пишува на статус и ги тагнува другарките кој ништо не се подобри од неа. “Вечер лудницааааааааа, ќе бидеме главни” Од 14:05 до 18 следи шминкање, а почнуватака како што ќе изнајмат авион за прскање на комарци кој ќе го натоварат со пудра. Е после тоа се шминкаат едно 2 саата од кои 45 минути плачат пред огледало пошто им се глеа бркот. После тоа кога веќе се готови и личат отприлика на мумифицираниот леш на фараонот Рамзес трети, почнува облакањето! Недепилирани целулитни нозе со штикла 27цм,…



Патот што не води преку најголем број пречки, најчесто ни обезбедува најбогато животно искуство.


31.01.2016

Животот е приказна која ја пишуваме самите, ние кои сме демијурзи на нашата судбина, робови на нашата желба. Ние кои сме водени од интересите со егистичка заднина, вреднувањето на делокругот како благороден е повод за нашата центричност. Животот е убав!

Да, тој е, но тој е убав затоа што тоа мора да биде. Ние не го избравме денот, моментот, местото, родот во кој ќе се родиме, не го избравме нашето тело, нашите родители, нашето семејство, општеството, соседството... Програмирани да се бориме за нашиот живот, при тоа најголемата борба ја водиме со самите нас. Таа структура на човечкиот живот е толку комплексна…


Научниците скоро секоја недела вадат нови факти за кафето. Иако во минатото бевме претрупани со опасностите од овој омилен пијалак, сега работите целосно се сменети. Зачестените испитувања и обемните студии откриваат низа предности кои ги нуди овој црн пијалак.


kafe70.jpg



групен секс – булук фукара
далновод – џенем гајтан, уџум струја
аптека – еким бакалче
пендрак – сус гума
застава 101 конфорт – бајрак бир ич бир охохо
мобилизација – катил ферман
златен даб – алтан ќутук
кур – чат пат суџук
кондом – куртул најлон, лезет ластик
Бетмен – шишмиш ефенди
цитрон – машала лимон
брзата птица итрица – турбо бимбиљ ептен курназ
којотот – ем абдал ем баксуз
лична карта – сурат тапија
телефон – абер гајтан
мобилен тел. – абер јок гајтан, џенем абер јоктур гајтан
пасош – џенем тапија
повратна карта – пишман карта
птиците умираат пеејќи – бимбиљ пупунец црррррр….
брза помош – турбо еким
флипер – апашкутија
тенк – беља багер
аладиновата ламба – ѓурулти бардак
виагра…


← previous 1 2 3 next
Blog
Blogs are being updated every 5 minutes