ЗАШТО МАКЕДОНСКИ СЕ ПИШУВА СО КИРИЛИЦА.

Македонскиот литературен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевно-јазички традиции. Јазикот го зачувавме. Да ја зачуваме и КИРИЛИЦАТА, зашто јазик без писмо нема.

И затоа велиме: ГО ЧУВАМ СВОЕТО!

Зашто знам: ДОДЕКА ПИШУВАМ НА КИРИЛИЦА – ПОСТОЈАМ.

18e220310.jpg

Зошто кампања?

Затоа што народ без јазик и писмо – нема.
Затоа што кирилцата е официјалното писмо на Република Македонија.
Затоа што писмото е доказ на нашето колективно потекло и на индивидуалното определување.
Затоа што писмото е средство за просторна и временска комуникација.
Затоа што автентичниот дух на народот може да се изрази единствено со примена на автентичното писмо.
УНЕСКО апелира да се чуваат и негуваат јазиците, а посебно малите јазици.

Кому му е наменета?

На сите, зашто кирилицата е нашата прва љубoв, нашето прво писмо.
На младите генерации кои користат електронска комуникација.
На медиумите, да им укаже на убавината и применливоста на кирилицата.
На младите деловни луѓе, за да ја откријат убавината на кирилицата и да ја користат како свој идентитет.
Наменета им е на сите кои комуницираат преку писмото низ образованието, творештвото.

Цел на кампањата.

Да се укаже дека кирилицата е:
Убава и применлива.
Отмена, грациозна и прогресивна.
Читка и модерна.
Да поттикнеме повеќе да се користи секогаш и секаде кога е можно.
Да ја зачуваме со користење и да ја модернизираме.


УПАТСТВО ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКА КОДНА ПОДДРШКА

92 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes