КОГА ТЕ ИСПРАЌАВ.... :(
34, Струмица, Македонија




Помниш ли кога те испраќав со бакнеж во магливите утра? Помниш, ја затворав брзо брзо вратата, да не ни избега љубовта и топлината со која ги греевме срцата и надежите.
И уште долго долго те гледав од прозорецот, како си одиш, а мене срцето ми се кине што одиш сама, заминуваш , одиш на некој голем испит што полека младоста ти ја зеде?



Минуваа годините...

И не ми беше жал за ништо, за никој поминат ден заедно со тебе. Престанав да ја барам смислата, те најдов тебе.И во секој лош миг, се фаќав цврсто со двете раце за нашата љубов, ко дете цврсто ја стегав и не ја пуштав се додека злото не мине.



Јас уште чекорам по улиците што заедно ги меревме, гушнати и полни со сонот за нас. Секоја ноќ ги слушам моите стапки, одам ко дух низ сите тесни улички на нашиот град, влегувам во сите продавници во кои сме биле, да видам барем некој заборавен спомен. Нема таков.


„Само уште ова да помине, па ќе сме заедно, засекогаш заедно и ништо нема да не раздели“.
И помина се. На чекор до целта. На чекор до нас, те испраќам пак. Заминуваш.
Знам дека сме еден за друг, знам дека никој друг на овој свет нема да ми е тоа што ми беше ти.



Не е љубовта само убави очи и нежни дланки и пријатен мирис. Има иљадници жени со поубави очи, со понежни дланки и со попријатен мирис.




Но нема ниту една на овој свет со која сум чекорел по улиците на нашиот град онака како што чекорев со тебе. Нема ниту една со која чекорев низ животот онака како што чекорев со тебе, а и ти со мене. Секоја наредна ќе е само имитација на она нашето.



Не брзам да ја затворам вратата, за да не избега љубовта, не брзам да те видам низ прозорец си одиш.


Јас немам веќе за што да се држам цврсто, кога лошите мигови ќе дојдат. Не си веќе иста.


Твоето пријателство на дланка ми го нудиш. Прости, незнам да бидам пријател со тебе.

188 views
 
Коментари
Save Jovanova 03.12.2011

*HEART*

m-i-t-e m-i-t-e 03.12.2011

:-)

MeRi 03.12.2011

*HI* *HI* *HI* *HI* *HI*

m-i-t-e m-i-t-e 03.12.2011

:-) :-) *HI*

Save Jovanova 20.01.2019

:-)

m-i-t-e 20.01.2019

...

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes