29.11.2009
pat
42, Струмица, Македонија

Ја замислувам онаа твоја полусрамежлива насмевка кога ги свиткуваш
усните сосема доволно за да станеш најубавото суштество што моите
подзамижани очи некогаш го виделе. Сакам да ти напишам песна, стих,
приказна, нешто што ќе ти каже колку многу сакам да ги изгризам
подвитканите усни; а зборовите, проклето инаетливо, летаат наоколу во
јата и одбиваат да слетаат, ред по ред, ред по ред.

Зјапам во
тебе, а во некое невидливо огледало пред себе го гледам жарот во очите
на малото дете што за првпат нестрпливо чека да го одвитка својот
роденденски подарок. Чекам да ми ги запееш најубавите ноти на некој неразбирлив јазик и така да го спасиш светот од мене....

Со
нокти ја гребам вечноста, обидувајќи се да ја натерам што побргу да се
довлечка до оној миг кога одново ќе ми паднеш в раце. Потоа го колнам
сонцето што никогаш не научи да не заоѓа, како во деновите кога си од
другата страна на светот.

16 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes