Како да го извлечеш најдоброто од себе?
29, Делчево, Македонија

Следејќи ги секојдневно овие едноставни чекори ќе научиш како да го извлечеш најдоброто од себеси!

  • Поздрави го денот Кога ке се разбудиш изговори гласно Здраво прекрасен дену,јас сум тука.Дај си шанса да сфатиш дека секој ден е нов почеток- за секакви можности.

  • Појадувај здрава храна Обиди се барем еднаш во текот на денот да изедеш оброк полн со живот- со овошје и зеленчук.На твоето тело му е потребно да ја возобнови енергијата.

  • Кажи ја вистината Многу е лесно да се биде неискрен со помош на ситни лаги. Вежбај искреност,особено со себеси.Ќе се чуствуваш посигурен во себе кога нема да има што да криеш

  • Биди љубезен Постојат едноставни начини да се покаже љубезност без напор Слушај-навистина слушај го пријателот,или пак биди отворен за друг.Тоа ќе ти се врати со добро.

  • Задбагодари му се на телото Доброто здравје започнува со спознавање на сопственото тело.Не заборавај го тоа зошто телото е чудесно.Размисли! Никој не му кажува да заздрави или да дише-тоа едноставно сам го прави

  • Постави си мали цели Големите цели можат да бидат фрустирачки.Затоа започни со помали и откако ќе ги освоиш искористи го мигот да се потикнеш себеси да освоиш нешто поголемо!

  • Води сметка за парите Парите не се волшебни тие не паѓаат од небо.А едно е точно не може без нив да се живее,застани и размисли како ги трошиш или ги расфрлаш

  • Излези во природа Излези надвор, прошетај и погледни ја почвата по која чекориш.Кога последен пат си слушнал фучење на ветер? Обиди се да ги оживееш твоите сетила

  • Аплудирај си себеси Развиј ја моќта да направиш да се чуствуваш добар.Започни да ги славиш дури и најмалите достигнувања!

  • Запознај се себеси Погледни се во огледало како да гледаш некоја нова личност.Воспостави контакт - не фокусирај се на косата мозолчето или на тенот .Погледни се себеси и кажи си нешто добро.

  • Наполни се со енергија и фокусирај се Замисли црвена топка полна со енергија како се дввижи низ твоите вени-окулу мозокот,срцето-се до дланката и до прстите на стапалата.Тоа комплетно ќе те ревитализира
ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА!!!!!!!!





6 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes