04.09.2009
DODEKA SPIES
39, Битола, Македонија



Ја слушам мелодијата на твојот сон

Додека спиеш

Ја гледам ткаенината на твоите усни

Додека сонуваш

Чукам на вратата од твоето срце кое патува

Далеку до врвовите на твојата невиност

Додека спиеш



Шепотам тивко во тишината незнајна

Го изговарам твоето име во ноќта глува

А твојот бајковит лик се оцртува во моите очи

Додека спиеш



Чудна е љубовта,чудна е опојноста

Чудна е и ноќта во која сонуваш

Магичен е денот во кој љубиш



Тишината гради ѕидови

Заборавот го покрива нашето небо

За нас создадено

Од Бога благословено

Додека спиеш

А јас,пловам по брановите на твојата свест

Испишувајќи ги на моето срце

Цртите од твојот лик потонат во сонот

Додека спиеш



Замрзнатите соништа

Го следат секој мој чекор

Паднатите бакнежи се љубат во вечноста

А ти спиеш,под ова небо од заборав



И кога немирно пловам по други срца

Јас повторно те сонам во ноќта глува

Додека спиеш

Ја галам совршената уметност на твоите усни

Кои се како печат врежани во моето срце



Додека спиеш јас те сонувам,те сакам,те љубам

Додека спиеш бакнувај го мојот лик

Додека спиеш растопи го замрзнатото небо од заборав

Додека спиеш,додека спиеш,додека спиеш...

22 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes