ИМАМЕ ЛИ ПРЕМНОГУ ПОЕТСКА ДУША ВО НАС ?
71, Прилеп, Македонија

Големиот поет и нобеловец Томас С.Елиот напишал:” Поетот не ја обработува убавината на светот , бидејќи правата работа е да види она што е испод убавината и грдотијата , да ја види досадата, ужасот ,славата. Поезијата наоѓа свој материјал не само со посредство на патење, него и во самото патењеА кој повеќе пател од овај народ?

Кога Платон низ љубезни , духовити и привлечни шеги го подучувал Федар за копнежот , добрината и убавината, во еден дел тој се издразил: ” Да обликот и простодушноста водат кон занес и страст, го водат благородниот можеби кон ужасно сквернавење и чувство,кое и неговата вродена убава строгост ја отфрла како инфамно , водат кон бездна, тие водат кон бездна. Нас поетите велам не водат таму , затоа што ние не сме способни да се возвишиме. Способни сме само да блудееме. Се прашувам дали тука лежи тајната на поетската нарација на македонскиот народ. Па скоро секоја наша народна песна е полна со лирско- елегиска копнежливост и тага и со едно сонување и блудеење. Можеби тука лежи и тајната што една мала нација е расадник на еден толкав број ценети поети. Можеби поезијата ни е придружени доделен дел и просветление од Творецот, како дел на нашето постоење ,суштествување и опстојување. Дали тоа избликнува точно од начинот на нашето битисување низ вековите, во една состојба испод убавината и грдотијата ,придружник на досадата ужасот и славата, сквернавењето на чувствата, благородноста, простодушноста и занесот и стално вперен поглед кон бездната и нашето вечно сонување и блудеење.
Се повеќе сум убеден дека нема поавтентично и поприродно место за поетска експресија и изразување на земјинава топка од Македонија и Струга , зашто ние судбински сме врзани со поезијата како есенција на нашето битисување.Но се прашувам дали тоа е корисна доблест и прагматичнност во остварување на вистинските вредности на нашето практично опстојување. Старите филозофи тврделе дека поетите даваат духовност и убавина на животот , но воопшто не се погодни за водење и раководење на државите.А си поставувам уште едно прашање
: Имавме ли ние, во сите ови влади, преголем број членови со поетска душа, па што ни тргна вака , па повеќе со чувства ,отколку со прагма ја организиравме и водевме државата во тек на овием 20 години? А тоа во политиката и водење на држава ти било негативна доблест и особина.

15 views
 
Коментари

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes