КОЈА ЖЕНА МОЖЕ БЕЗ ПРИВЛЕЧЕН МАЖ
50, Велес, Македонија

Дали знаете која е разликата помеѓу привлечниот маж и оној со прекарот "папучар"? Модерниот маж чекори низ светот буквално како да гази на јајца, плашејќи се да не направи или каже нешто погрешно.Но, било какво општествено движење не може да избрише пет милијарди години еволуција. Природата осмислила за мажите да бидат силни, одлучни и сексуални – а тоа е и причината зошто тестостеронот тече низ машките вени. Тоа е право на мажите и нивно наследство како припадници на машкиот род. Правата вистина е дека жените, без оглед на тоа што го говорат и колку и да протестираат, тие сакаат еден маж и да се однесува вистински како маж. Ако малку подетално ги анализирате, ќе сфатите дека всушност ниту една жена не сака кога мажите се однесуваат како жени, туку токму онака како што им доликувa.Затоа, сега е вистинското време за мажите да почнат да се однесуваат како вистински мажи. Иронично, но така навистина ќе станат проклето привлечни за спротивниот пол! Еве како се однесува еден вистински "папучар": 1.Бара одобрување од жена – извршува различни обврски наместо неа. 2. Предвидлив е и досаден – ја бара девојката секој ден или уште полошо, неколку пати дневно. 3. Се обидува да го купи нејзиното време и внимание со подароци, вечери и слично. 4. Нервозен е, несигурен и премногу добар кон жените. 5. Се однесува како да ѝ е пријател или пријателка на жената, наместо да се однесува како љубовник 6. Секогаш ѝ е достапен. 7. Без протест го толерира нејзиното грубо однесување, каснење, откажани состаноци и слично. 8. Ѝ прави секакви услуги на жената во надеж дека ќе добие и "нешто повеќе". 9. Ѝ допушта на жената да ја контролира нивната врска. 10. Во страв е дека таа ќе си замине ако каже нешто "погрешно". 11. Опседнат е со се што ќе каже таа и постојано прави анализи. 12. Чувствува срам и вина поради својата сексуалност. 13. Ѝ дозволува на жената да манипулира со него и да го третира како подвижен паричник. 14. Толку многу му треба секс што би требало да му биде препишан и со лекарски рецепт. 15. Дури и ако добие можност за "малку акција", тој е лош во креветот! Апсолутната спротивност од сето ова што го набројавме всушност значи сексуална самодоверба. За да знаете што значи сексуалната самодоверба би требало да погледнете кон било кое лошо момче во акција – еден од оние "одвратните", себични момци за кои жените се колнат дека ги мразат, а всушност летаат кон нив како мравки кои туку што откриле фабрика за слатки!Зошто жените сакаат такви момци? Затоа што тие размислуваат со своите емоции, а не и по некоја логика – а лошите момци се сексуално привлечни. Што точно ја одредува сексуалната привлечност? Самоуверени мажи: 1. Се предизвик за жените. 2. Не се оправдуваат за она што се (зрачат со сексуалност и не се оправдуваат поради фактот дека се мажи). 3. Мислат дека токму тие се "прилика", а не жените. 4. Непредвидливи се и неукротливи. 5. Не ги интересира да бидат политички коректни, менувајќи се себе си за да добијат одобрување од жените и да бидат премногу добри. 6. Не треба да разменуваат пари и подароци за секс (состаноци). 7. Секогаш ја контролираат врската. 8. Не толерираат жената да им додева.
9. Имаат машки говор на телото. 10. Природно се водачи, не следбеници. 11. Без срам гледаат во женското тело. 12. Сакаат секс, но не се очајни за да го добијат. 13. Не се достапни секогаш. 14. Не се извинуваат за она што се . 15. Во близина на жени се однесуваат како вистински мажи. Накратко, мажите кои имаат сексуална самодоверба веруваат во себе и во својата сексуалност и не се грижат што мисли околината за нив. Но, за разлика од лошите момци тие не се злобни кон жените – напротив, го сакаат нивното друшство и добро се однесуваат кон нив. И како такви, на жените никогаш нема да им е доволно од нив!

279 views
 
Коментари
ergen41 28.05.2015

ke me tuzis ili ?

Egzon 29.05.2015

??

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes