detelinka's blog

detelinka
49, Скопје, Македонија

Станавме патници низ времето... Станавме тркачи...спринтери...Но, со лузни на душата... Во оваа трка по пари и грижа за семејството, не смее да се губи волјата за живот...Родителите трчаат од работа на работа, немаат време за децата... суров е животот, лузни има многу... Моралот стана нешто, што само некои постари луѓе го почитуваат и познаваат. -Да, лузни има и премногу и се потешко се одстрануваат... -Требаше да се живее подобро, но овие притисоци од сите страни го убиваат животот во нас. Порано, можеби немаше толку производи на полиците, но имаше насмевка на лицата!


Зошто, зошто љубовта мора толку да боли, зошто кога не правиш ништо лошо само сакаш и бараш да бидеш сакана, зар тоа е премногу?

Постојат прашања на кој тешко успеваш да го пронајдеш вистинскиот одговор, прашања кои те убиваат од внатре, прашања кои се почесто ги поставуваш, а се поретко добиваш одговор на нив.Тешко е да сакаш, а да не почувствуваш дека си сакана, да живееш во лага, да веруваш во нешто што не постои, да мислиш дека имаш сè а во еден ист момент сè да се сруши пред тебе, да загубиш желба за живот, да се пронајдеш себе си…


Се пластат снегулките полека, една по една... Паѓаат на земата и прават снежно бел килим. И солзиве мои се лизгаат полека, една по една... Паѓаат на срцево и прават огромна рана. Зеде дел од мене, сè што ти дадов и однесе на неа. И мојата љубов и моите сништа и мојата младост. Гледам пред мене, сè е матно. Низ превез од солзи те гледам како стоиш пред мене, толку прекрасен. Со нежна, кафеава коса, со прекрасни сини очи, јасни како летно небо, како два бистри потоци... Гледам од нив капат две солзи, зарем се каеш? Ги бришам солзите од моиве…


 Еден ден, некој слеп човек седел на скалите пред некоја зграда, со шешир покрај стапалата и натпис на кој пишувало: - СЛЕП СУМ, ВЕ МОЛАМ ПРУЖЕТЕ МИ ПОМОШ !!! Некој случаен поминувач, кој бил експерт за реклами, подзастанал, погледнал во шеширот и таму забележал само неколку метални парички.Се наведнал, оставил пари во шеширот, а после без да праша за дозвола го зел картонот со натписот, го свртел од другата страна, напишал друго и си заминал. Попладнето на враќање, повторно поминал од кај истата зграда. Таму слепиот човек седел пак, но сега веќе имал шешир преполн со пари. Слепиот човек, го…


Гледајќи ја однадвор, така нежна но сепак толку груба, како порцеланска кукла, и ќе си речеше човек.. зарем постои некој кој би можел да ја расплаче? Имаше поглед кој скаменува, толку длабок што можеше и крвта да ти ја замрзни, лицето како да и беше од кристал.. немаше емоции, немаше ништо. Беше си го обвила нејзиното срце во школка, и ништо не дозволуваше да продре до него, животот ја научи никому да не верува, и не беше смела повеќе да ризикува. А нејзината душа, не постоеше сведок за таа мистерија, беше се затворила себеси зад ѕидините на тоа порцеланско лице…


Јас бев девојката со скршено срце, но со челична насмевка.. Уште едно парче од срцето загубив но продолжив понатаму да чекорам цврсто верувајќи дека љубовта ме чека некаде таму...

Сите машки се исти, мото кое никогаш не сакав да го изговорам, затоа што ако тоа беше вистина мојата другарка немаше да ужива во љубовта на својот живот..

Растена во пристојна фамилија, со пристојни примања и со љубов колку што ти душа сака... ееее таква сакав да е и мојата фамилија..но, животот не секогаш ни го дава она што го посакуваме.. Пристојна фамилија да... со пристојни примања па и не баш,…


Допри ме со раката да го почувствувам животот.....
погледни ме со очите да видам дека.......
постои светот...... дозволи му на сонцето........
да ме огрее...да знам дека постои ден... светлина.... радост.......
Подари ми цвет да се искапам во виножитото
да станам дел од спектарот на боите... обоена во бојата на љубовта.
Без тебе.... без тебе јас сум само бледа сенка од ѕвезда....
во непознато соѕвездие изгубено во космосот.....
бескраен.... таинствен. Затоа.....те молам насмевни се.....
насмевката ќе ми го осветли патот кој до тебе ќе ме донесе.......
и тогаш, тогаш бакни ме, твоите усни ќе ја потврдат силата на љубовта
вечна и бескрајна.... благодет во животот еден и единствен.....


Таму некаде.... во минатото... Од толку ѕвезди што на небо светат, копнеам по згаснатите што одамна во мене трага врежале. Болка, секој ја има од ден на ден поголема, а мојот поглед ја бара старата. Гребнатина во срцето, но мојава е рана отворена за секое парче љубов. Можеби таа насмевка е новата болка или само краток лек на старата. Можеби тие очи се загубените ѕвезди кои некогаш пак ке згаснат, додека јас ќе гледам во нив, барајќи ги оние кои ќе гледаат во моите, и ќе знаат за што јас сонувам. Барајќи го оној кој ќе ми ги слуша зборовите…


Повлечена во топлите ѕидови од нејзината соба, никако не можеше да заспие. Беше доцна. Всушност, рано. Утринските зраци длабоко наѕираа во нејзината соба, црцорот на птиците јасно се слушаше, а таа патуваше некаде далеку со мислите.

Што чуствуваше? Бес, омраза, очај… ѝ беше криво. Гледаше како се оди во бездна и бараше начин како да се соочи со проблемите. Проблеми… Беше свесна дека за кратко време, сеќавајќи се на овие моменти засрамено ќе ја наведнува главата, чудејќи се сама себе си како можела да си дозволи толку мали нешта да допрат толку длабоко до неа оставајќи сурова рана. Но, всушност силна…


Кога веруваме во желбите, тогаш и желбите сакале или не ќе веруваат во нас. Нека вашите желби заживеат во 2012 година и нека растат секоја година се повеќе и повеќе. Заборавете на се што било неубаво, и од 00.00 почнете еден нов ваш живот кој ќе ве отсликува вас, и се она што сте вие. Немојте да се откажувате од посакуваното, ни тогаш кога посакуваното се откажува од вас. Влезете со жар во новата година и одржувајте го тој жар секогаш. Ви посакувам секој миг да ви биде незаборавен миг, и направете го незаборавен. ..


← previous 1 2 3 4 5 ... 15 next
Blog
Blogs are being updated every 5 minutes